Description
Фамилијарната салата од Фуд Бар е во пакување од 400 грама, кое е доволно да ги задоволи потребите на едно цело четиричлено семејство. Главни состојки на оваа салата се ајсберг, црвена цикорија, морков и зелена марула. А, веќе штом ги знаеме состојките, лесно можеме да си замислиме за каков добар вкус се работи во оваа салата.
Една од главните состојки е ајсбергот, чија зелена боја и свежи листови, веднаш говорат за тоа со колкаво количество на железо и витамин К располага, кои се битни за крвта и кардиоваскуларниот систем. Покрај ајсбергот, тука е и црвената цикорија, која можеби и не е толку позната, но врши одлична работа чистејќи го желудникот и подобрувајќи го варењето на храната.
Едноставно, одлучете се за оваа свежа Фамилијарна салата и донесете здравје за целото семејство.